Каролина Гочева (родена на 28 април 1980) е македонска поп пејачка, која 2 пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место. Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапи со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.
Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал "Си-До" во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната "Мамо, пушти ме". На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера. Стана редовен учесник на фестивалот Скопје-Фест, дебитирајќи во 1994 со песната "Кој да ти каже". Во наредните години успешно настапуваше на Скопје-Фест каде што се избираше песна за Евровизија. Во 1996 учествуваше со песната "Ма, ајде кажи ми" и се пласира на деветто место. Во 1998 учествуваше со "Украдени ноќи" и имаше поголем успех стигнувајќи до четвртото место со 10,454 гласови. Во 2000 година Каролина стана дел од Авалон продукција и го издаде својот деби-албум "Јас имам песна". Од овој албум излегоа хитовите "Сакај ме", "Без оглед на се" и "Немир" која ја испеа во дует со Тоше Проески. Меѓу песните на нејзиниот прв албум беше и "За нас" која ја напиша Дарко Димитров, со која настапи на Скопје-фест. На овој фестивал Каролина за малку не победи, заврши на второто место со 916 поени. Во 2000 година таа потпишува договор со Авалон Продукција и го издава нејзиниот прв албум „Јас имам песна“ и од тој албум произлегуваат хитовите : „Без оглед на се“, „Сакај ме“, „Срцево не ќе издржи“, „Милениум со тебе“ и други.
muzika
Wednesday, October 20, 2010
Елена Ристеска
Рани години
Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје, Македонија (тогаш СР Македонија во составот на СФР Југославија). Родена е како второ дете во домот на Деса и Ацко Ристески. Таа уште во своите рани години покажала интерес кон музиката и уметноста. Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови. Подоцна се приклучува кон КУД „Кочо Рацин“ во одделот за народни ора и танци. Со ова културно уметничко друштво гостува во неколку европски земји.Во 1996 година таа започнува и да пее во училишниот хор. Нејзиното меѓународно претставуваше со хорот било во Бугарија. Во 1998 година таа започнала и со цртање и при тоа се здобила со повеќе награди. Во 2000 година заедно со играорната дружина била на турнеја во Бугарија, Чешка Република и Турција.
Професионален старт
Елена официјално позната на Македонската публика и стана со победата на музичкото- реалити шоу - Play- потрага по ѕвезда. Нејзиниот деби сингл „Она Другото“ станува инстантен хит во Македонија, а како резултат на тоа произлегува нејзиниот деби албум насловен како „Ден и Ноќ“. Албумот вклучува неколку песни кои истотака станубаат успешни хитови во Македонија и соседните земји. Ристеска освен како пејач се покажува и како текстописец и пишува за ѕвезди како 4Плеј, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, Маја Саздановска, Роберт Билбилов, Верица Пандиловска и др.Заедно со големиот успех на нејзиниот деби албум, Елена почнува да се промовира и надвор од Македонија. Во 2004 година таа учествува на „Голден Стаг“ фестивалот во Романија, а во 2005 година со нејзиниот хит „Ни на небо, ни на земја“ се претставува на Сунчане Скале во Херцег Нови. Нејзините видеа често време беа вртени по МТВ Адриа, а со тоа нејзината популарност се повеќе се зголемува.
Subscribe to:
Posts (Atom)